This is default featured slide 1 title

Go to Blogger edit html and find these sentences.Now replace these sentences with your own descriptions.This theme is Bloggerized by Lasantha Bandara - Premiumbloggertemplates.com.

This is default featured slide 2 title

Go to Blogger edit html and find these sentences.Now replace these sentences with your own descriptions.This theme is Bloggerized by Lasantha Bandara - Premiumbloggertemplates.com.

This is default featured slide 3 title

Go to Blogger edit html and find these sentences.Now replace these sentences with your own descriptions.This theme is Bloggerized by Lasantha Bandara - Premiumbloggertemplates.com.

This is default featured slide 4 title

Go to Blogger edit html and find these sentences.Now replace these sentences with your own descriptions.This theme is Bloggerized by Lasantha Bandara - Premiumbloggertemplates.com.

This is default featured slide 5 title

Go to Blogger edit html and find these sentences.Now replace these sentences with your own descriptions.This theme is Bloggerized by Lasantha Bandara - Premiumbloggertemplates.com.

Wednesday, December 18, 2013

Оваа година се убиени 52 новинари ширум светот!

Во светот во текот на 2013 година се убиени вкупно 52 новинари, што е за една третина помалку во споредба со лани, додека 211 новинари се наоѓаат во затвор, соопшти Комитетот за заштита на новинарите со седиште е во Њујорк.



Конечниот биланс на жртви за 2013 сепак може да биде поголем, бидејќи околу 30 ноинари се водат како исчезнати во Сирија.

Комитетот наведе дека од вкупниот број загинати новинари, 21 се убиени во Сирија, шестмина во Египет, петмина во Пакистан, четворица во Сомалија, по тројца во Бразил и Ирак, а по двајца во Мали и Русија. По еден новинар е убиен во Турција, Бангладеш, Колумбија, Филипини, Индија и Либија.

Втора година по ред, Турција е земјата со најголем број на затворени новинари во светот, а по неа следат Иран и Кина. Во затворите во овие три земји се наоѓаат повеќе од половина од вкупно 211-те затворени новинари во светот во 2013 година. Бројот на новинари кои се наоѓаат зад решетки во Виетнам од ланските 14 пораснал на 18.

- Вознемиравачки е растот на бројот на осудени новинари во земји како што се Виетнам и Египет, оценува Комитетот.

Починала од премногу работа- работела по 30 часа!

Млада индонезијка Мита Дуран- 24 години, која работела за една маркетинг- агенција, починала затоа што работела прекувремено. Таа останувала будна благодарение на енергетските пијалоци.




Пред смртта на Твитер напишала дека работела 30 саати без престан!

Девојката од Џакарт континуирано работела прекувремено. Недостатокот на сон го надокнадувала со енергетските пијалоци.

Колегите на починатата девојка сметаат дека нивната колешка ја убила комбинацијата од премногу работа и енергетици. Таа редовно останувала да работи прекувремено а останувала и после полноќ. Тоа премногу ја исцрпувало.

Мајката на несреќната девојка кажува дека нејзината ќерка ја убил хроничниот умор предизвикан од прекувремена работа, а за тоа се криви нејзините работодавци.

Маркетинг- агенцијата во која работела ги известила нејзините вработени за смртта на девојката преку Фејсбук. Компанијата им дала слободен ден на вработените, во чест на починатата.


Утре не очекуваат многу ниски дневни температури!

Утре не очекуваат многу ниски дневни температури!

ladno makedonija


Времето утре во Македонија ќе биде претежно сончево со слаб ветер од јужен правец. Во некои котлини ќе има појава на ниска облачност со утринска магла. Утринската температура ќе се движи од -9 до -2 Целзиусови степени, а дневната е од 5 до 11 степени.

Во скопската котлина утре претпладне ќе има појава на утринска магла, а во текот на денот ќе биде сончево со умерена облачност. Утринската температура ќе се спушти до -5 Целзиусови степени, а дневната ќе се искачи до пет степени над нулата.

Во наредните денови времето ќе биде стабилно и суво со слабо изразено воздушно струење. По одделни котлини ќе има појава на утринска магла и ниска облачност.

Казни за фирмите чии работници работат на загаден воздух!

19 градежни фирми не ги почитуваат Владините одредби за заштита на вработените од штетните влијанија од воздухот. Трудовите инспектори денеска излегоа на терен.

skopje zagadeno


Во Скопје,Битола,Кичево и Тетово само 6 компании водат сметка за здравјето на вработените.

За компаниите и внатрешните одговорни лица кои не ги почитуваат одредбите предвидена е остра парична казна,а во краен случај може да добијат и забрана за вршење на дејноста.

Инспекторатот деновиве ќе врши уште позасилени контроли,кои ќе ги опфатат претприемачите  од сите производствени области.

Притвор за прилепчанецот кој нападна сопружници за 340 денари

Полицијата поднесе кривична пријава против 19-годишниот прилепчанец З.Р. поради стореното разбојништво пред четири дена.



Разбојникот дошол во куќата на Д.Ќ. и со физичка сила и нож им се заканил на мажот и неговата сопруга В.Ќ., по што од жената ги оттргнал златните обетки, украл мобилен телефон, а од гаражата земал 340 денари и заминал.

Од страна на Основен суд Прилеп, на пријавениот му е одредена мерка притвор во траење од 30 дена.

Владините мерки за заштита од загадувањето стапија во сила

Од денеска до 21 декември ослободени од работа ќе бидат бремените жени и лицата над 60 години во скопскиот, кичевскиот, тетовскиот и битолскиот регион поради загадувањето на воздухот кое деновиве е над дозволеното.


skopje zagadeno


Од денеска до 21 декември ослободени од работа ќе бидат бремените жени и лицата над 60 години во скопскиот, кичевскиот, тетовскиот и битолскиот регион поради загадувањето на воздухот кое деновиве е над дозволеното.

Ова е една од повеќето краткорочни мерки што ги донесе Владата на РМ на седница поради неколкудневното континуирано загадување на воздухот во овие региони.

Како што истакна портпаролот на Владата Александар Ѓоргиев исто така се препорачува  работниците кои работат на отворено, како што се градежните работници тоа да го прават од 11 до 17 часот. Од една страна се заштитуваат работниците, а од друга страна со намалените градежни активности ќе се влијае на испуштањето на штетните честички во воздухот. Им се препорачува исто така на градинките, основните и средните училишта во деновите до сабота да не изведуваат активности на отворено.

Ова е обврска и се однесува и за државниот и за приватниот сектор, изјави на прес-конференција Ѓоргиев, кој заедно со министерот за животна средина и просторно планирање Абдилаќим Адеми ги соопшти мерките на Владата.

Црвениот крст, центрите за социјална работа и единиците на локалната самоуправа да имаат проактивен пристап за заштита на здравјето на некои од ранливите групи како старите лица, бездомниците и други.

Ѓоргиев информираше дека во наредниот период сите медицински и здравствени установи ќе бидат подготвени да примаат евентуален зголемен број пациенти.

Министерот за животна средина и просторно планирање Абдилаќим Адеми посочи дека се препорачува во Градот Скопје и во општините Битола, Кичево и Тетово да се пренасочи движењето на товарни возила од периодот од 7:00 до 19:00 часот, односно во градот Скопје да се пренасочи движењето на товарните возила по обиколницата. Во другите градови се препорачува товарните возила да не се движат низ центарот во тој период освен возила коишто пренесуваат леб и лекови. Локалните самоуправи се повикуваат интензивно да ги чистат и мијат улиците.

Се задолжува Министерството за внатрешни работи да ги пренасочува товарните моторни возила чија крајна дестинација не е Градот Скопје преку обиколницата на Градот Скопје. Се препорачува на Градот Скопје и општините Тетово, Битола и Кичево, интензивно да ги чистат улиците особено околу градилиштата, изјави Адеми.

Апелираше до граѓаните да користат јавен превоз. -Во овој период кога температурите се ниски, не може да ги повикаме граѓаните да користат велосипед, меѓутоа можеме оваа прилика да ја искористиме да ги повикаме да косистат јавен превоз, да не се возат со сопствени возила, да се возат повеќе лица во едно возило итн, изјави Адеми. 

Министерот Адеми смета дека евентуална забрана за возење автомобили нема да дава ефекти. -  Напротив ќе создаваме метеж во сообраќајот и да создадеме други точки на загадување, застој во сообраќајот итн, изјави Адеми. 

Адеми истакна дека според мерењата што се извршени во изминативе неколку денови најголемо загадување во овие региони е забележано во периодите од 7:30 до 11:00 часот  и од 17:00 до 21:00 часот.

Според нашите податоци добиени од автоматскиот мониторинг систем за следење на квалитетот на воздухот во Скопје, Тетово, Битола и Кичево неколку дена има надминување на секојдневната гранична вредност, меѓутоа надминувањето на среднодневната гранична вредност не е во текот на целиот период на денот туку во одредени периоди и тоа од 7:30 до 11:00 и од 17:00 до 21:00 часот, изјави Адеми. Додаде дека во овие временски интервали загадувањето во овие четири региони било неколку пати помало.  

Се задолжува Државниот инспекторат за животна средина во соработка со овластените инспектори за животна средина и комуналните инспектори на Градот Скопје и другите општини да вршат секојдневна контрола на инсталациите кои подложат на „А“ и „Б“ дозволи. Исто така да се контролриаат автосервисите и помалите капацитети за кои имаат сознанија дека користат употребувано масло за греење. Се препочува на компаниите кои добиле „А“ интегрирана дозвола, а кои се во општините каде се надминати вредностите да работат со редуцирано производство од нивните капацитети.

Министерството и општините се задолжени од Владата да изработат план за квалитет на воздух и краткорочен план за подобрување на квалитетот на воздухот, а онаму каде има индикации дека квалитетот на воздух се влошува да изработат исто вакви планови. Мерење на квалитетот на воздухот ќе се врши со мобилни апарати и во општините каде што тоа сега не се прави.

Се задолжува Министерството за животна средина да предложи измени на Законот за квалитет на воздух со кои ќе се предвиди казна за одговорните лица во институцијата која е задолжена да подготви план за квалитет на воздух и краткорочен план за подобрување на квалитетот на воздухот во соодветната единица на локална самоуправа, изјави Адеми потенцирајќи дека ова се краткорочни мерки.   

На седницата на Владата се препорача Македонски шуми да продолжи со садење дрвја.

Портпаролот на Владата Ѓоргиев рече дека пред донесувањето на мерките Владата ги разгледувала искуствата на другите градови, како Париз, Барселона, Лондон каде што има вакво загадување.

Ѓоргиев и Адеми информираа дека Владата може повторно да има седница во сабота, кога се очекува новата проценка на Управата за хидрометеоролошки состојби за временската состојба во земјата и ќе се разгледа повторно состојбата со загадувањето во Скопје, но и во другите делови од земјата.

Мерењата на Министерството за животна средина од шест часот утрово покажуваат многу високо ниво на концентрација на ПМ10 кај мерните станици за Центар, Лисиче и Ректорат. Високо ниво има и во Карпош, Кичево и Тетово. Во Центар, Лисиче и Ректорат концентрацијата е над 180 микрограми ПМ10 на метар кубен. Максимално дозволена концентрација на ПМ 10 во воздухот е 50 микрограми на метар кубен.

Скопјани ќе излезат на марш со гас-маски против загадувањето на воздухот

Маршот со гас-маски против загадувањето ќе се одржи во сабота во 12 часот на плоштад Македонија во Скопје. Маршот е во организација на организацијата „Биди Зелен“ (Go Green)

Скопје
Скопје 


Од невладината велат дека главни извори на загадувањето кое осум дена владее во Скопје и во неколку други градови се фабриките кои не работат во согласност со А интегрираната еколошка дозвола, домаќинствата кои се загреваат со несоодветни материјали, старите автомобили, интензивираните градежни активности...

Од „Биди Зелен“ потсетуваат дека краен рок за исполнување на А еколошката дозвола за големите загадувачи е април 2014. Истовремено, се алармира и на опасноста од увезените стари автомобили.

Дали ние сме свесни колкаво загадување предизвикуваат овие автомобили? Во Македонија од 1993 до денес се увезени 135.000 нови автомобили, а 170.000 половни автомобили се увезени за три години откако се дозволи увоз на автомобили со стандард ЕУРО2, што значи автомобили произведени 1996 - 2000 година.

Во ЕУ од 1 јануари стапува на сила стандардот ЕУРО6, а во Германија од 1 јануари 2014 е забрането возење автомобил со стандард ЕУРО 3“, порачува невладината.

„Биди Зелен“ алармира и дека во Скопје во голем дел од автомобилите се вози само еден човек.

„Во Скопје во најголемата гужва во раните утрински часови и на крајот на работното време е констатирано дека 4 од 5 автомобили се управувани од едно лице. Дали и за ова ни е некој крив или во прашање е нашата култура? Како градиме мислење за другите околу нас? Според колата која ја возиме или образованието и вредностите кои ги поседуваме како луѓе?

Излезете на маршот за загадување! Се работи за нашето здравје!“, се порачува во апелот.

„Пакомак“ и скопските кафулиња во еко акција за селективно фрлање на отпадот и негово понатамошно рециклирање

Компанијата Пакомак денес претстави нов систем за селективно фрлање отпад во угостителството, а кон акцијата досега се приклучија над 15 познати скопски кафулиња и ресторани. На овој начин, овие угостителски објекти ќе го дадат својот придонес кон општествено одговорното однесување и зачувувањето на животната средина и природните богатства на нашиот главен град.


Акцијата ќе започне да се спроведува од денеска. Кафулињата и рестораните ќе бидат директно вклучени во овој проект, со тоа што во секој од нив ќе има три различни корпи со ознаки за стакло, пластика и хартија.  Персоналот во овие објекти ќе мора да се придржува до ова правило, а она што ќе треба да се направи е доста едноставно - по употребата, ќе треба да се фрлат амбалажите од пијалоците во корпата наменета за таков тип на амбалажа.

Компанијата Пакомак ги поканува сите да ги отфрлат лошите навики и со правилно селектирање на отпадот, совесно да ги зачуваат природните убавини на својот град.

 „Пакомак го направи првиот чекор и го поддржа угостителството во областа на одговорно однесување кон отпадот и негово селективно собирање. Преку оваа акција, сакаме да ја зголемиме свесноста кај луѓето дека за да го искористиме она што ни го подарила природата, мораме да почнеме одговорно да се однесуваме кон нашиот животен простор. Целта на овој проект е да создадеме здрави еколошки навики и едноставно, поубава средина за живеење за сите нас. Се надеваме дека оваа акција ќе биде успешна и ќе инспирираме и други угостителски објекти да ни се приклучат, како и дека овој проект ќе стане камен темелник на едно почисто и поубаво Скопје”- изјави директорот на Пакомак, Филип Ивановски.

„Ова е прв пат да учествуваме во ваков проект, но искрено се надеваме дека ќе успее и дека ќе почнат да го практикуваат и другите кафулиња, па потоа и луѓето во своите домови. Се надеваме дека управувањето со амбалажниот отпад ќе стане добра навика на сите Скопјани“ изјавија oд кафулињата и рестораните кои досега се приклучија на проектот.

Во последната година „Пакомак“ оствари над 20 проекти и акции кои постигнаа голем успех и со кои Пакомак се покажа како компанија која навистина придонесува за животната средина. Ова е уште еден проект од кој се очекува не само успех, туку и зголемување на свесноста кај граѓаните. Со селектирање на употребената амбалажа и нејзиното понатамошно рециклирање, ја чуваме природната убавина на нашиот град, на радост на сите нас и генерациите кои допрва доаѓаат.

Побарајте го знакот за Еко Кафе и бидете и вие дел од зелената мисија на Пакомак!

Извор: puls24.mk

Откриени 139 килограми марихуана на граничниот премин „Делчево“

Вчера на граничниот премин „Делчево“ во делот за товар, полицијата во соработка со Јавното обвинителство и Царинската управа, откри 138 килограми и 936 грама марихуана, спакувана во 56 даски во кои се направени специјални шуплини за нејзино криење.



Како што информираше на денешната прес-конференција министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, пријавени се четири лица, тројца од Велес и едно лице од Скопје.

Направени се и четири претреси кај овие лица при што се откриени алати за специјално изработување на даските кои се прилагодени за криење на дополнителен товар во нивната внатрешност.

Се работи за вкупно 280 пакувања марихуана за која се проценува дека вредноста на западноевропскиот пазар за каде што се претпоставува дека е наменета зависно од тоа дали би се продавала на мало или на големо може да изнесува од 600.000 евра до 1,5 милион евра, нагласи министерката Јанкулоска.