Wednesday, December 18, 2013

Притвор за прилепчанецот кој нападна сопружници за 340 денари

Полицијата поднесе кривична пријава против 19-годишниот прилепчанец З.Р. поради стореното разбојништво пред четири дена.



Разбојникот дошол во куќата на Д.Ќ. и со физичка сила и нож им се заканил на мажот и неговата сопруга В.Ќ., по што од жената ги оттргнал златните обетки, украл мобилен телефон, а од гаражата земал 340 денари и заминал.

Од страна на Основен суд Прилеп, на пријавениот му е одредена мерка притвор во траење од 30 дена.

0 comments:

Post a Comment