Маршот со гас-маски против загадувањето ќе се одржи во сабота во 12 часот на плоштад Македонија во Скопје. Маршот е во организација на организацијата „Биди Зелен“ (Go Green)
Скопје |
Од невладината велат дека главни извори на загадувањето кое осум дена владее во Скопје и во неколку други градови се фабриките кои не работат во согласност со А интегрираната еколошка дозвола, домаќинствата кои се загреваат со несоодветни материјали, старите автомобили, интензивираните градежни активности...
Од „Биди Зелен“ потсетуваат дека краен рок за исполнување на А еколошката дозвола за големите загадувачи е април 2014. Истовремено, се алармира и на опасноста од увезените стари автомобили.
Дали ние сме свесни колкаво загадување предизвикуваат овие автомобили? Во Македонија од 1993 до денес се увезени 135.000 нови автомобили, а 170.000 половни автомобили се увезени за три години откако се дозволи увоз на автомобили со стандард ЕУРО2, што значи автомобили произведени 1996 - 2000 година.
Во ЕУ од 1 јануари стапува на сила стандардот ЕУРО6, а во Германија од 1 јануари 2014 е забрането возење автомобил со стандард ЕУРО 3“, порачува невладината.
„Биди Зелен“ алармира и дека во Скопје во голем дел од автомобилите се вози само еден човек.
„Во Скопје во најголемата гужва во раните утрински часови и на крајот на работното време е констатирано дека 4 од 5 автомобили се управувани од едно лице. Дали и за ова ни е некој крив или во прашање е нашата култура? Како градиме мислење за другите околу нас? Според колата која ја возиме или образованието и вредностите кои ги поседуваме како луѓе?
Излезете на маршот за загадување! Се работи за нашето здравје!“, се порачува во апелот.
0 comments:
Post a Comment