This is default featured slide 1 title

Go to Blogger edit html and find these sentences.Now replace these sentences with your own descriptions.This theme is Bloggerized by Lasantha Bandara - Premiumbloggertemplates.com.

This is default featured slide 2 title

Go to Blogger edit html and find these sentences.Now replace these sentences with your own descriptions.This theme is Bloggerized by Lasantha Bandara - Premiumbloggertemplates.com.

This is default featured slide 3 title

Go to Blogger edit html and find these sentences.Now replace these sentences with your own descriptions.This theme is Bloggerized by Lasantha Bandara - Premiumbloggertemplates.com.

This is default featured slide 4 title

Go to Blogger edit html and find these sentences.Now replace these sentences with your own descriptions.This theme is Bloggerized by Lasantha Bandara - Premiumbloggertemplates.com.

This is default featured slide 5 title

Go to Blogger edit html and find these sentences.Now replace these sentences with your own descriptions.This theme is Bloggerized by Lasantha Bandara - Premiumbloggertemplates.com.

Wednesday, December 18, 2013

Скопјани ќе излезат на марш со гас-маски против загадувањето на воздухот

Маршот со гас-маски против загадувањето ќе се одржи во сабота во 12 часот на плоштад Македонија во Скопје. Маршот е во организација на организацијата „Биди Зелен“ (Go Green)

Скопје
Скопје 


Од невладината велат дека главни извори на загадувањето кое осум дена владее во Скопје и во неколку други градови се фабриките кои не работат во согласност со А интегрираната еколошка дозвола, домаќинствата кои се загреваат со несоодветни материјали, старите автомобили, интензивираните градежни активности...

Од „Биди Зелен“ потсетуваат дека краен рок за исполнување на А еколошката дозвола за големите загадувачи е април 2014. Истовремено, се алармира и на опасноста од увезените стари автомобили.

Дали ние сме свесни колкаво загадување предизвикуваат овие автомобили? Во Македонија од 1993 до денес се увезени 135.000 нови автомобили, а 170.000 половни автомобили се увезени за три години откако се дозволи увоз на автомобили со стандард ЕУРО2, што значи автомобили произведени 1996 - 2000 година.

Во ЕУ од 1 јануари стапува на сила стандардот ЕУРО6, а во Германија од 1 јануари 2014 е забрането возење автомобил со стандард ЕУРО 3“, порачува невладината.

„Биди Зелен“ алармира и дека во Скопје во голем дел од автомобилите се вози само еден човек.

„Во Скопје во најголемата гужва во раните утрински часови и на крајот на работното време е констатирано дека 4 од 5 автомобили се управувани од едно лице. Дали и за ова ни е некој крив или во прашање е нашата култура? Како градиме мислење за другите околу нас? Според колата која ја возиме или образованието и вредностите кои ги поседуваме како луѓе?

Излезете на маршот за загадување! Се работи за нашето здравје!“, се порачува во апелот.

„Пакомак“ и скопските кафулиња во еко акција за селективно фрлање на отпадот и негово понатамошно рециклирање

Компанијата Пакомак денес претстави нов систем за селективно фрлање отпад во угостителството, а кон акцијата досега се приклучија над 15 познати скопски кафулиња и ресторани. На овој начин, овие угостителски објекти ќе го дадат својот придонес кон општествено одговорното однесување и зачувувањето на животната средина и природните богатства на нашиот главен град.


Акцијата ќе започне да се спроведува од денеска. Кафулињата и рестораните ќе бидат директно вклучени во овој проект, со тоа што во секој од нив ќе има три различни корпи со ознаки за стакло, пластика и хартија.  Персоналот во овие објекти ќе мора да се придржува до ова правило, а она што ќе треба да се направи е доста едноставно - по употребата, ќе треба да се фрлат амбалажите од пијалоците во корпата наменета за таков тип на амбалажа.

Компанијата Пакомак ги поканува сите да ги отфрлат лошите навики и со правилно селектирање на отпадот, совесно да ги зачуваат природните убавини на својот град.

 „Пакомак го направи првиот чекор и го поддржа угостителството во областа на одговорно однесување кон отпадот и негово селективно собирање. Преку оваа акција, сакаме да ја зголемиме свесноста кај луѓето дека за да го искористиме она што ни го подарила природата, мораме да почнеме одговорно да се однесуваме кон нашиот животен простор. Целта на овој проект е да создадеме здрави еколошки навики и едноставно, поубава средина за живеење за сите нас. Се надеваме дека оваа акција ќе биде успешна и ќе инспирираме и други угостителски објекти да ни се приклучат, како и дека овој проект ќе стане камен темелник на едно почисто и поубаво Скопје”- изјави директорот на Пакомак, Филип Ивановски.

„Ова е прв пат да учествуваме во ваков проект, но искрено се надеваме дека ќе успее и дека ќе почнат да го практикуваат и другите кафулиња, па потоа и луѓето во своите домови. Се надеваме дека управувањето со амбалажниот отпад ќе стане добра навика на сите Скопјани“ изјавија oд кафулињата и рестораните кои досега се приклучија на проектот.

Во последната година „Пакомак“ оствари над 20 проекти и акции кои постигнаа голем успех и со кои Пакомак се покажа како компанија која навистина придонесува за животната средина. Ова е уште еден проект од кој се очекува не само успех, туку и зголемување на свесноста кај граѓаните. Со селектирање на употребената амбалажа и нејзиното понатамошно рециклирање, ја чуваме природната убавина на нашиот град, на радост на сите нас и генерациите кои допрва доаѓаат.

Побарајте го знакот за Еко Кафе и бидете и вие дел од зелената мисија на Пакомак!

Извор: puls24.mk

Откриени 139 килограми марихуана на граничниот премин „Делчево“

Вчера на граничниот премин „Делчево“ во делот за товар, полицијата во соработка со Јавното обвинителство и Царинската управа, откри 138 килограми и 936 грама марихуана, спакувана во 56 даски во кои се направени специјални шуплини за нејзино криење.



Како што информираше на денешната прес-конференција министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, пријавени се четири лица, тројца од Велес и едно лице од Скопје.

Направени се и четири претреси кај овие лица при што се откриени алати за специјално изработување на даските кои се прилагодени за криење на дополнителен товар во нивната внатрешност.

Се работи за вкупно 280 пакувања марихуана за која се проценува дека вредноста на западноевропскиот пазар за каде што се претпоставува дека е наменета зависно од тоа дали би се продавала на мало или на големо може да изнесува од 600.000 евра до 1,5 милион евра, нагласи министерката Јанкулоска.